Centar.mk
БИЗНИС

„Даимлер“ ќе укине 15.000 работни места

Германскиот автомобилски гигант „Даимлер“ е подготвен да укине 15.000 работни места, што е значително повеќе од првично планираните 10.000, за да се намалат трошоците и да се надмине тешкиот период во автомобилската индустрија, пишуваат германските медиуми.

Претседателот на управата, Ола Каелениус, утре треба да го најави укинувањето на работните места, паралелно да ги објави работните резултати, пишува бизнис-весникот „Ханделлсблат“, цитирајќи неименувани извори од компанијата.

Компанијата ќе се обиде да го намали бројот на вработени нудејќи им отпремнина, привремени, односно делумни пензии. Целта е да се намалат трошоците за над 1,4 милијарди евра со оглед на тешката ситуација во германскиот автомобилски сектор./Makfax

Можеби ќе ве интересира

„Нетфликс“ го купува „Ворнер брос“ за 72 милијарди долари

C +

Европската комисија го казни X на Маск со 120 милиони евра

C +

Објавен списокот на домаќинства кои ќе добијат субвенција за електрична енергија

C +
error: Соддржината е заштитена.