-Времето на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и неговиот советник Христијан Мицкоски ќе остане запаметено како време на раст на цената на струјата за 100% , укинување на ефтината тарифа на истата, пад на домашното производство за 25% и покачен увоз на струја за 38%. Во време на ВМРО-ДПМНЕ домаќинствата се исклучуваа од парно греење, а државата ги принудуваше да плаќаат паушал иако не ја користеа услугата. За 11 години во време на ВМРО-ДПМНЕ, се изградија само 18 мегавати фотоволтаични електрани, за кои 20 години ќе плаќаме вртоглаво високи цени на енергијата, соопшти СДСМ.
„Денес, Електрани на Северна Македонија извезува струја и има добивка од 80 милиони евра, пари кои се вложуваат во заштита на животната средина.
Владата додели дозволи за 35 мегавати нови фотоволтаични електрани за кои не плаќа никаква тарифа, а Електрани на Северна Македонија се пред почеток на изградба на нова електрана во стариот рудник во Осломеј од 10 мегавати.
Денес, кој не се грее на парно не плаќа за тоа, а ДДВ-то за парно го намаливме од 18% на 5% со што ги враќаме корисниците.
Христијан Мицкоски е најнеуспешниот директор на ЕЛЕМ, кој знае само да покачува цени на струја, тој ли ќе качува плати?
СДСМ за само две и пол години ги крена платите повеќе отколку што ВМРО-ДПМНЕ го направи тоа за 7 години. Платите во време на СДСМ растат три пати побрзо.
ВМРО-ДПМНЕ ја држеше минималната плата на 9.000 денари, а сега таа е 14.500.
ВМРО-ДПМНЕ во 2017 беше против враќање на евтината тарифа, а СДСМ со самото доаѓање на власт ја врати повторно евтината тарифа.
ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметена како најдеструктивната партија која била на власт. Партија која работела се што е спротивно на интересите на граѓаните.
Затоа на 12 април граѓаните ќе порачаат режим – никогаш повеќе и ќе потврдат дека концептот парите кај граѓаните е вистинскиот пат.“ – се вели во соопштението.