27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

„Граѓани внимавајте, извршителот Мицкоски, Јанушев и ВМРО-ДПМНЕ ќе оделе во населени места маскирани во компетентни кандидати“

-Народе, внимавајте, затворете врата, спуштајте ролетни, извршителот на Груевски, Христијан Мицкоски, Игор Јанушев и ВМРО-ДПМНЕ ќе оделе по домовите маскирани во компетентни и кредибилни кандидати за пратеници, реагираат од СДСМ на интервју на Игор Јанушев од ВМРО- ДПМНЕ.

„По 11 години кражби, насилства и корупција лицемерно и несериозно е ВМРО-ДПМНЕ и Игор Јанушев да зборуваат за чесна понуда.

Нивната понуда е само обнова на криминалниот режим, обнова изолацијата, на насилство и богатење на поединци во белиот дворец на сметка на граѓаните.

Ако навистина ВМРО-ДПМНЕ ќе одбира некомпромитирани кандидати за пратеници, дали Јанушев ќе биде меѓу нив кој е компромитиран во предмет за злоупотреба за службена положба за набавка на автобуси?

Додека СДСМ е со месеци на терен, меѓу граѓаните, меѓу стручната јавност, ВМРО-ДПМНЕ е заглавена во штабовите и подрумите од каде секојдневно од очај и безидејност шири лажни вести и исмислици.

Граѓаните одамна знаат дека ВМРО-ДПМНЕ се компетентни само за криминал, за поделби, за поттикнување насилство и дејствување против државните интереси.

Затоа на 12 април повторно ќе ги казнат таквите промашени политики на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и ќе потврдат дека државата е на вистински пат и по тој пат ќе продолжи.’ – се вели во реакцијата.