27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мицкоски, Мизрахи и ВМРО ДПМНЕ го погазуваат Уставот и ја загрозуваат европската иднина на државата

-Со непочитување на уставното име на државата и тоа во државна институција, техничката министерка за труд и социјална политика од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи директно го прекрши Уставот и го загрози Договорот од Преспа кој ја гарантира иднината на нашите деца, соопшти СДСМ.

„Таквото однесување кон Договорот со Грција е директен атак врз членството во НАТО и во Европската Унија. Со потегот на Мизрахи ВМРО-ДПМНЕ по кој знае кој пат покажа дека е деструктивна партија со единствена цел меѓународно да ја изолира државата.

Без почитување и без спроведување на Договорот од Преспа нема НАТО и нема ЕУ. Без НАТО и ЕУ државата нема прогресивна и европска иднина. Со игнорирањето на уставното име ВМРО- ДПМНЕ потврди дека е против договорот и дека упорно работи на проектот за изолирање и уназадување.

Потегот на Мизрахи, инициран од Мицкоски, по налог на азилантот од Будимпешта Груевски, е антидржавен и опасен за стратешките интереси на Република Северна Македонија.

Поткопувањето на Договорот од Преспа значи и поткопување на правната држава, на владеењето на правото, но и обнова на режимското криминално владеење.

Граѓаните ги препознаваат штетните политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и затоа на 12 април повторно ќе ги казнат со нов убедлив пораз на изборите.“ – се вели во соопштението.