Островот Елба гарантира дека нема да врне дожд, а ако тоа се случи, хотелот во кој престојувате ќе ви ги врати парите за сместување.
Островот се наоѓа веднаш крај брегот на Тоскана во Италија и е еден од најголемите италијански острови.
Покрај убавите медитерански плажи, островот е познат и по своите импресивни тврдини и минерални бањи, пренесува „Њуз“.
Во иницијативата позната како „Елба без дожд“, која беше поведена минатата година, островот нуди враќање на парите за хотелско сместување ако дождот трае премногу долго.
Според официјалната туристичка организација на островот, иако дождот во мај е ретка појава на островот Елба, тоа не значи дека не може да врне.
Во иницијативата учествуваат 14 хотели на островот, почнувајќи од луксузни до кампови. Парите за сместување се враќаат под услов дождот да паѓа два часа или повеќе помеѓу 10 часот наутро и 8 часот навечер./Makfax