10. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ го осудува говорот на омраза и антисемитизмот за кои постои одговорност пред законите

-Како одговорна политичка опција во државата, СДСМ најостро го осудува ширењето на говор на омраза, го осудува антисемитизмот. Би сакал да кажам дека човекот нема никаква поврзаност со СДСМ и ја користам оваа прилика да апелирам до надлежните институции да го отворат случајот и да го истражат и да има соодветна одговорност согласно законите на Република Северна Македонија, рече портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, одговарајќи на новинарско прашање дали нешто како партија ќе преземете во врска со статусот на Тричковски за Мизрахи.

-Нашата држава е демократска земја, нашето општество е демократско и секако такви испади се недозволиви, додаде Костадинов.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Депониите трујат, ВМРО ДПМНЕ е елементарна непогода за Скопје

C +

Петровска побара декласификација од АНБ: Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ?

C +

Шукова: Вардариште и Дрисла – симболи на распадот во системот за отпад, а ВМРО-ДПМНЕ без решение

C +