Прес- конференција, Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ – интегрален текст:
ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи директно на штета на граѓаните на Република Северна Македонија.
Последен таков пример е одбивањето на пратеникот Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ, како претседател на Комисијата за труд и социјална политика да закаже седница на која ќе се расправа за Предлог-законот за измена на Законот за исплата на платите.
Со овој Предлог-закон се овозможува и вработените во високото образование, односно вработените во државните универзитети да го добијат покачувањето до 10 проценти, исто како и нивните колеги од основното и средното образование.
ВМРО-ДПМНЕ и Влатко Ѓорчев на директен начин попречуваат илјадници професори и вработени во високото образование да добијат покачување на платите од 10 проценти, кое им следува од 1 јануари оваа година и за што веќе се обезбедени пари во Буџетот.
Доколку Предлог – законот не биде изгласан до распуштањето на Собранието, поради блокадата од ВМРО-ДПМНЕ, вработените во високото образование со месеци нема да можат да го добијат покачувањето на платите што им следува.
Истовремено со незакажување на Комисијата за труд и социјална политика Влатко Ѓорчев и ВМРО-ДПМНЕ ги блокираат и измените во законот за стечајци со што го блокираат решавањето на статусот на околу 50 стечајци од тиквешкиот регион.
Го повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да заборави на тесно партиските интереси и да престане да ги блокира проектите коишто се во интерес на граѓаните и проектите коишто обезбедуваат подобар животен стандард.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија вистински се грижи за сите граѓани и реализира мерки кои директно влијаат на подобрување и олеснување на животот на сите.
Затоа граѓаните на 12 април ќе ги поддржат политиките на СДСМ, наспроти штетните и деструктивни политики на ВМРО-ДПМНЕ кое работи само за заштита на личните и теснопартиските интереси.