Во врска со пишувањата во медиумите за наводни апсења на лица кои се дел од мојот тим, би сакал да ја информирам јавноста дека најостро ги демантираме овие наводи, соопшти Наке Чулев, моментален технички министер за внатрешни работи.
-Имено, станува збор за преземање службени дејства по наредба на судија за претходна постапка за лица кои се вработени во Министерството за внатрешни работи и истите се распоредени на соодветни работни места со решенија од претходните министри и никако не се поврзани со мојот тим или пак мојот кабинет. Лицата немаат добиено било какви решенија од моја страна.
Во таа насока во целост ги демантирам наводите објавени во медиумите кои се креирани од луѓе кои сакаат да застанат на патот на правдата. Уште еднаш напоменувам дека изнесените наводи во медиумите се лага и конструкција смислена од претходното раководство на министерството за внатрешни работи. Овие лажни вести се пласираат за да се нанесе штета на моето работење и на моите соработници.
Според моите информации во наредниот период се очекува покрај вакво изнесување на невистини да се преземаат и други слични активности кои се резултат на спрегата помеѓу параполициски, судски и обвинителски структури, блиски до СДСМ и подземјето со цел попречување на истрагите кои се во тек, а се однесуваат на криминалните дејствија поврзани со претходната структура.
Напоменувам дека никој нема да ме поколеба или исплаши во мојата посветеност за бескомпромисна борба против организираниот криминал и корупцијата, соопшти Чулев.
https://www.facebook.com/NakjeChulev/posts/126155418911261?__xts__%5B0%5D=68.ARAAFo1COvGIK6N9Ej5Orn_ioaDqJ8c0Eft_3goAEGdAc4DDQ6uGuMWk8YSHd8waiAEJ-vi3Jq9gJkqEiMUusc-7jtkklSm9nMmHMJPieqEyLNKIW_XSHI3J0rcZdcJ9kYq5N8KnLSVt5tacmpDRgDeji850jxXxEftjfa8EaXEy4qXnO4zBQW289YKJhxRcm1iSHYveEcBQzWG2mgTUPZhxE8iNYv3wPYRKfPUbsV3c7NQr4BnE1Gt6DSNap_M9ZAWFP5GBdYSuCo78-tDN_7FOKRZ2aqkpV–V9d4Knu-ZDqACeqPOA-PA3vUIQ50VwTGGBxc9nDUt-3VXdl8&__tn__=-R
Подоцна Чулев се јави со уште една објава:
– По повод денешните шпекулации и ширењето невистини во медиумите околу апсењето високи полициски функционери за кои се тврди дека се мои блиски соработници, ја информирам јавоста дека во текот на утрешниот ден ќе поднесам соодветни претставки до Советот за етика во медиумите и Советот на честа при ЗНМ.
Ваквото манипулативно известување не само што го разбирам како обид за нарушување на мојот углед, интегритет и професионалност, туку претставува и манипулација со јавноста, со што директно се нанесува штета врз мојот личен кредибилитет и кредибилитетот на Министерството за внатрешни работи.
На вчерашната прес-конференција напоменав дека медиумите се наш партнер во справување со манипулациите и лажните вести, но таквото партнерство го гледам исклучиво преку објективно информирање што се заснова на аргументи, а пред сѐ на информации потврдени од соодветните извори.
Како Министер силно се залагам за поддршка на слободата на изразување и сум против какви било притисоци и тужби кон новинарите и медиумите, но во исто време очекувам новинарското известување да се заснова на целосно почитување на професионалните и етичките стандарди во работењето. Ниту еден обид за дефокусирање на јавноста преку манипулативното известување на некои медиуми нема да ме поколеба во докажувањето на вистината и во натамошното професионално работење, ослободено од какви било притисоци, уцени и закани.
Ова е уште еден доказ дека заложбата на Владата за наводна борба против лажните вести е само декларативна, односно блеф со кој се замајува јавноста, рече Чулев.