24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Халкбанк во комплексот МИДА ја отвори втората ВИП корпоративна филијала

Халкбанк, како кориснички ориентирана банка, ја отвори својата втора ВИП корпоративна филијала со која на големите клиенти им овоможува уште поквалитетна, побрза, персонализирана и достапна услуга во сите сегменти на банкарското работење.

Новата филијала, која веќе почна да ги нуди своите услуги, е лоцирана во комплексот МИДА во Скопје и во неа сите големи компании, клиенти на банката, можат да добијат персонализирано корпоративно и лично банкарство и брза услуга.

Првата ВИП корпоративна филијала банката ја отвори уште во 2012 година, само година дена по стартот со работа во Северна Македонија под брендот Халкбанк.

За Халкбанк, како лидер во понуда на персонализирани банкарски услуги и воведување нови технологии, задоволството на клиентите е главна цел и овој принцип се применува во сите активности сè со цел ефикасно да се одговори на нивните потреби.