3. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мицкоски го брани Груевски, факт е дека ВМРО-ДПМНЕ со години намерно ги труело граѓаните

-ВМРО-ДПМНЕ продолжува да фабрикува лажни вести во врска со случајот со медицинскиот отпад на „Еко клуб“, реагираат од СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Вистината е дека неодговорното однесување на Сашо Јанакиевски од „Еко клуб“ е последица на режимското владеење на Никола Груевски и неговите реалции со ВМРО-ДПМНЕ.

Токму ВМРО-ДПМНЕ преку свои кадри свесно ги труел граѓаните, а денес оваа партија предводена од Мицкоски ги брани ставовите на криминалецот во бегство Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ е единсветниот виновник за тоа што со години се загрозувала животната средина преку несоодветно третиран опасен отпад. Овој случај мора да добие правна разрешница, никој не смее да го загрозува здравјето на граѓаните.“ – се вели во реакцијата.

Можеби ќе ве интересира

Во август има уште еден неработен ден и се паѓа во четврток – Ова се сите празници до крајот на годината

ДЕСК

Спасовски: Најостро го осудувам националистичкиот говор и навредливите скандирања што се случија за време на спортскиот натпревар во Куманово

ДЕСК

СДСМ: Говорот на омраза се засилува пред избори, силно ги осудуваме навредите на кошаркарскиот меч во Куманово

ДЕСК