24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Најпознатиот мрмот од Пенсилванија открива: Пролетта рано ќе пристигне

Најпознатиот мрмот од Пенсилванија, САД најави дека годинава пролетта рано ќе пристигне.
На секој 2 февруари од 1887 година во Гоблерс Ноб во американската сојузна држава Пенсилванија се собираат луѓе очекувајќи Фил да „прогнозира“ дали ќе има уште зима или доаѓа пролетта. Овој настан доаѓа како резултат на германска легенда која вели дека ако денот е сончев, Фил ја гледа својата сенка кога излегува, па жителите на Северна Америка очекуваат уште шест недели остра зима. Во спротивно, пролетта ќе пристигне порано.

Член на здружението кое ја практикува оваа традиција на „Денот на мрмотот“, кој носи специјални нараквици затоа што „прогнозерот“ има долги канџи и остри заби, од рано изутрина го крена мрмотот во воздух и најави дека годинава пролетта рано ќе дојде.

Според записите кои датираат од 1887 година, овој „претскажувач“ во Пенсилванија предвидел повеќе од 100 пати подолги зими, а годинешната прогноза е една од ретките најави дека пролетта рано ќе пристигне.Според податоците кои сепак не се сочувани за сите 130 години, мрмотот 103 пати има „предвидено“ дека зимата ќе трае уште, а 18 пати дека брзо ќе заврши./Makfax