24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ го поддржува законското решение за забрана на увоз на отпад

-СДСМ продолжува со одговорното однесување за заштита и унапредување на животната средина и заштита на здравјето на граѓаните. Затоа ќе застанеме зад Законот за забрана за увоз на отпад, соопшти денеска СДСМ.

„Пратеници на СДСМ се обврзуваат дека ќе овозможат системско решение кое ќе ги опфати сите аспекти на управувањето со отпадот и нема да го загрози процесот на извоз на опасниот токсичен отпад од нашата држава.

Ова законско решение дополнително ќе се надгради преку измени и дополнувања по изборите, со новиот собраниски состав, ќе се акредитира домашна лабораторија, ќе се ангажираат повеќе инспектори и конечно системот ќе почне да функционира.

Факт е дека после долги години манипулирање со граѓаните и загрозување на нивното здравје, се преземаат вистински мерки за управување со отпадот. Започната е постапка за отстранување на опасниот отпад од ОХИС, главната депонија Дрисла е повторно под надлежност на градот, засилени се инспекциските контроли…

Ако се компарираат бројките на увезен отпад јасно е дека во времето на режимското владеење се увезувале по стотина илјади тони годишно, а последните години количината е намалена на само две до три илјади тони.

Оттаму ВМРО-ДПМНЕ нема право да зборува за отпад затоа што тие беа најголемите поттикнувачи на загадувањето. Тоа граѓаните одамна го знаат и затоа на 12-ти април наместо лицемерие и неспосбност ќе изберат здравје и здрава животна средина.“ – се вели во соопштението.