Фејсбук статус, проследен со следното видео, објави претседателот на СДСМ Зоран Заев, кои ги пренесуваме интегрално:
Не беше лесно Собранието да се трансформира од место каде што во 2017 година крваво се кршеа пратеничките глави, до место во кое се носат закони од интерес на граѓаните, место каде се гарантира членството на Северна Македонија во НАТО, место кое е Дом на демократијата, дом на граѓаните.
Убеден сум јас, убедени сме и сите ние, дека можеме уште повеќе и уште подобро!
Започнуваме постапки за избор на НАЈОДГОВОРНИТЕ КАНДИДАТИ ЗА ПРАТЕНИЦИ во историјата на НЕЗАВИСНА Македонија!
Пратеници кои се различни по сите основи, мажи и жени, 50-50.
Пратеници, граѓани кои се согласни дека државата им припаѓа на сите подеднакво и дека е наша заедничка одговорност.
Така се гради независен и одговорен Парламент.
Со понудата со која ќе излеземе пред граѓаните, остваруваме уште една сигурна победа.
Тоа ќе биде голема победа на нашите политики, победа на СДСМ и коалицијата, победа на граѓаните.
Упатувам огромна благодарност до актуелната пратеничка група на СДСМ и коалицијата која мина низ многу премрежија, која донесе историски одлуки, која со своето работење ја носи државата напред онаму каде што припаѓа – во ЕУ и НАТО. Тие се пример за тоа што значи да се биде одговорен кон сопствениот народ и сопствената држава.