Во 13чаот и 30 минути вчера во СВР Скопје, П.Е.(43) од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, на 28.01.2020 во 16.30 часот на домашниот телефон ѝ се јавило женско лице, ѝ се претставило како нејзина ќерка, ја известилa дека направила сообраќајна незгода и ја прашала колку пари имаат дома.
Исто така, според пријавеното, веднаш потоа разговорот го продолжило машко лице, кое и кажало дека нејзината ќерка во сообраќајна несреќа прегазила девојче од Албанија, кое починало, поради што ќерка ѝ требала да оди во затвор од пет до 15 години.
После тоа, според пријавата, лицето дошло пред нејзиниот дом, по што П.Е. му дала 10.000 евра. Таа утврдила дека е измамена откако се слушнала со нејзината ќерка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Бидете внимателни и предупредете ги останатите, особено постарите, бидејќи ова не е прв ваков случај, во изминатите денови забележавме цела серија на ваков тип на измами низ Скопје за кои известува полицијата:
https://center.mk/blog/2020/01/25/nova-zhrtva-na-ista-izmama-rekle-da-dade-pari-ili-sinot-ke-lezhi-vo-zatvor-poradi-soobrakajka/
https://center.mk/blog/2020/01/25/chudna-izmama-na-domashen-telefon-i-rekol-deka-nejziniot-sin-napravil-soobrakajka-i-pregazil-dete-pa-za-da-ja-sredi-rabotata-i-pobaral-50-iljadi-evra-izmamena-vozrasna-skopjanka/
https://center.mk/blog/2020/01/25/so-nevoobichaena-izmama-uspeal-da-i-gi-odzeme-parite-staritsa-ostanala-bez-10-000-denari/