Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Царовска во Свети Николе: Платите постојано растат, пензионерите ќе добијат 700 денари плус, ја движиме економијата напред

Потпретседателката на СДСМ Мила Царовска вечерва се сретна со граѓаните на Свети Николе. На средбата Царовска со нив разговараше за сработеното во изминатите две и пол години и следните предизвици.

“Изминатиот период силно работевме на намалување на сиромаштијата. За само две и пол години минималната плата е зголемена за 60% и сега изнесува 14.500 денари. Имаме постојан раст на просечната плата, а со мерките на Владата предводена од СДСМ за субвенционирање на придонесите 20.000 компании во декември годинава ја зголемиле платата на вкупно 106.000 работници. За неколку дена секој пензионер во државата ќе добие зголемена пензија за 700 денари. Социјалната помош ја зголемивме во просек поголема социјална помош, а со неколку законски измени материјално обезбедивме 12.000 стечајци до пензионирање. Продолжувам понатаму со посветена работа. Продолжуваме да ја движиме економијата напред”, рече Царовска.

Потпретседателката Царовска истакна дека Свети Николе и инфраструктурно се зајакнува со изградба на нови капитални објекти кои се во интерес на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Продолжува поддршката на Американскиот мировен корпус во градење поинклузивна училишна средина и јакнење на јазичните вештини на учениците

ДЕСК

Николоски од Брисел: Земјите на Коридор 10, Македонија, Грција, Србија, Унгарија и Австрија ќе потпишеме Договор за брза пруга 

ДЕСК

Одбележување на Светскиот ден на волонтерството

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.