24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Скопскиот стартап DishWish ќе Ве храни здраво додека сте на работа или дома!

Пред неколку дена и официјално е лансиран новиот домашен стартап кој ќе Ви испорачува оброци по утврдено мени (режим) за секој работен ден во договорениот временски период и локација.

DishWish (www.dishwish.mk) е нова компанија чија цел е да Ви обезбеди здрава и вкусно подготвена хроно, вегетаријанска и друг вид на исхрана додека сте на работа или дома, согласно внимателно составени програми од Др. Ана Гифинг, докторка која има патентирано своја програма на хроно исхрана.

Секој оној што сака да ја следи хроно диетата, веќе нема никакви пречки и оправдувања и може за помалку од 5 минути да се претплати на некое од достапните DishWish мениа (ЛИНК) и секој работен ден во текот на месецот да добива вкусно подготвен појадок, ручек и/или вечера, на саканата локација.

Ова е одлична можност и за самите компании кои сакаат да обезбедат вкусен “бенефит” за својот тим, па своите вработени да ги “претплатат” на здрава исхрана додека тие се на работа.

Позади DishWish стои искусен кетеринг тим од главниот град и засега оваа услуга ќе биде достапна само во Скопје, со тенденција да се прошири на ниво на цела држава.