3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Веб-страницата „Ранкер“: Џокерот на Хит Леџер омилен филмски негативец

Корисниците на веб-страницата „Ранкер“ гласаа за 10 омилени филмски негативци на сите времиња. И покрај големите фикциски имиња од хорор-филмови до икони на Марвеловиот универзум, на врвот на списокот на негативци се најде Џокер, кој беше оживеан во 2008 година од Хит Леџер во филмот „Темниот витез“ на Кристофер Нолан.

Хит Леџер успеа на заколнатиот непријател на Бетмен да му даде тридимензионална слоевитост каква што не се постигнува често, а тоа го препознаа и гледачите и критичарите.

Додека снимал, тој водел дневник исполнет со записи и цртежи, кои му служеле како инспирација за Џокер.

Хит Леџер, австралиски актер, почина во 2008 година по смртоносна мешавина на разни лекови. Тој го загуби животот непосредно по снимањето на филмот „Темниот витез“ и беше постхумно награден за својата верзија на Џокер со многубројни актерски признанија, меѓу кои и „Оскар“ за најдобра споредна машка улога.

Покрај победникот Џокер, на списокот на најголеми филмски негативци на веб-страницата „Ранкер“ се најдоа уште некои познати имиња.

2. Дарт Вејдер – серијал „Војна на ѕвездите“

3. Ханибал Лектор – „Кога јагнињата ќе стивнат“

4. Лорд Волдемор – серијал „Хари Потер“

Спонзорирано: