БЈБ од вчера, по откривањето на скандалот “Јавна соба”, започна истрага.
Се очекува да бидат откриени аминистраторите и членовите на затворената група Јавна соба на Телеграм, каде македонски средношколци, но и возрасни лица споделувале и коментирале интимни фотографии и видеа на малолетни девојки од цела Македонија.
За ова се увериле повеќе македонски медиуми.
Групата во која членувале над 7.400 членови, најчесто од Македонија, изобилувала со ексциплитни фотографии и порнографски видеа кои може да се означат како порнографија.
Техничкиот премиер Оливер Спасовски рече дека оваа група е новоформирана и за кратко успеала да дојде до голем број на членови.
-Од Бирото за јавна безбедност покрената е истрага. Излезено е Јавното обвинителство за наоѓање на администраторите и членовите на оваа група. Во исто време сакам да апелирам до сите нас, до родителите, образовните институции за поголем надзор врз децата и навремено да се реагира и во семејствата и во улиштата, рече Спасовски, кој додаде дека и порано имало вакви случаи што се расчистувале.
„Стапено е во контакт со мрежата Телеграм, собрани се податоци околу функционирањето на оваа група. Се работи на документирање и расчистување на овој случај. Известено е и јавното обвинителство“соопшти портпаролот на МВР; Тони Ангеловски, портпарол на МВР.
Инаку дел од членовите на групата се именувани со имиња на познати бизнисмени, поранешни политичари, новинари, јавуваат медиумите.
Поврзана вест:
https://center.mk/blog/2020/01/26/fateni-se-na-delo-politsijata-gi-ima-site-7-000-telefonski-broevi-vklucheni-vo-ozoglasenata-grupa-kade-se-objavuvaat-ekstsiplitni-fotki-od-maloletnichki/