24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Со невообичаена измама успеал да и ги одземе парите – Старица останала без 10.000 денари

На 24.01.2020 во 14,40 часот во СВР Скопје Ј.П.(70) од Скопје, пријавила дека истиот ден околу 10,00 часот во дворот од нејзината куќа на улицата “Тодор Чангов“ од непознат сторител била измамена за сума од 10.000 денари.

Имено измамата сторителот ја извршил на тој начин што откако дошол во домот на оштетената и се претставил дека му бил кум на нејзиниот син и и побарал 10.000 денари затоа што наводно камионот му бил на заглавен на царина.

Откако му ги дала парите тој го напуштил местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.