Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Обвинителството истражува злоупотреби од Јово Вангеловски, откако во неговиот кабинет биле најдени 50-тина предмети во фиока

Јавното обвинителство во предистражна постапка испитува кривична одговорност кај поранешниот претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски кај кого се затекнати 57 одамна завршени, како и непотпишани предмети поради кои странките претрпеле штета во однос на разумен рок на судењата, како и за неостварување на нивните права со чувањето на нивните предмети во фиока, објави Сакам да кажам.

Се испитуваат и причините зошто на пример четворица врховни судии од петчлениот кривичен совет ставиле потписи на заглавените предмети, а еден не и кои се тие врховни судии што блокирале, пишува порталот.

Можеби ќе ве интересира

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

ДЕСК

Шест лица го загубија животот за четири дена во сообраќајни несреќи, секојдневно сами го ризикуваме животот поради непочитување на сообраќајните правила и прописи

ДЕСК

Претседателот Гаши на средба со претставници на ДИК

ДЕСК