24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

„На ВМРО-ДПМНЕ му е поважен имотот и одбраната на криминалот, од реформите во судството“

-ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски уште еднаш покажаа дека ги ставаат своите партиски интереси и одбраната на криминалот пред доброто на државата и на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ го поврзува Законот за Јавно обвинителство со имотот на партијата и сака да се амнестира од судските процеси што се водат против нив, соопшти денеска СДСМ.

„На Мицкоски поважен му е имотот на партијата и одбраната на криминалот во ВМРО-ДПМНЕ, отколку реформите во судството, важни за напредокот на државата.

Донесувањето на Законот за јавно обвинителство е важно за реформите во правосудтсвото и се дополнителен аргумент за процесот на евроинтеграции, а Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со сите сили се обидуваат да го закочат.

Тоа е уште една потврда дека ВМРО-ДПМНЕ де факто е управувана од Груевски од Будимпешта.

Граѓаните ќе го казнат неодговорниот однос на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

На 12 април, граѓаните ќе порачаат – режим никогаш повеќе.“ – се вели во соопштението.