24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Изменет сообраќаен режим за Водици

Поради манифестациите за верскиот празник Водици, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје утре ќе воведе посебен режим на сообраќај на одредени сообраќајници во централното градско подрачје на Скопје, како и во општините Ѓорче Петров, Аеродром и населбата Хром.

Во периодот од 10.00 часот, па до завршување на манифестацијата по повод Водици, во центарот на Скопје ќе бидат затворени за сообраќај улиците „Филип Втори Македонски“ до булеварот „Гоце Делчев“ и од Кеј „13 Ноември“ до булеварот „Кочо Рацин“.

Во општината Ѓорче Петров од 10.00 часот црковната литија ќе се движи почнувајќи од црквата „Свети Петар и Павле“, десно по булеварот „Партизански одреди“, десно по улицата „Ѓорче Петров“, лево по улицата „Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“ по улицата „Демир Трајко“ и лево по улицата „Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар.

Во општина Аеродром од 10.00 часот за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон с. Лисиче.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.