11. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Во притвор дилер на дрога од Куманово

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка за едно лице, 24-годишен кумановец, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот Законик.

Осомничениот во текот на јануари, неовластено заради продажба држел наркотична дрога и психотропни супстанции. При извршен претрес на дом и други простории од страна на полициски службеници при СВР Куманово, биле пронајдени и со потврда одземени вкупно 2638,13 грама марихуана, 0,14 грама хашиш , 1,40 грама амфетамин и една дигитална вага. Осомничениот дрогата ја сокрил во повеќе паковки во куќа во која престојувал и во куќа сопственост на неговиот дедо.

Заедно со донесената Наредба за спроведување истражна постапка, јавниот обвинител достави предлог до судија на претходна постапка во Основниот суд Куманово за определување на мерката притвор на осомничениот, бидејќи постојат основи дека осомничениот ќе се даде во бегство и дека ќе го повтори кривичното дело. Судот донесе решение со кое ја определи предложената мерка, во траење од 30 дена, соопшти Обвинителството.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Депониите трујат, ВМРО ДПМНЕ е елементарна непогода за Скопје

C +

Петровска побара декласификација од АНБ: Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ?

C +

Шукова: Вардариште и Дрисла – симболи на распадот во системот за отпад, а ВМРО-ДПМНЕ без решение

C +
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Прочитани се намерите на ВМРО-ДПМНЕ, со злоупотреби на техничките функции и ширење лажни вести го бранат криминалот

ДЕСК

-Прочитани се намерите на ВМРО-ДПМНЕ. Додека СДСМ преку конкретни мерки и политики испорачува резултати што носат придобивки за сите граѓани, ВМРО-ДПМНЕ преку злоупотреби на техничките функции и ширење лажни вести го бранат криминалот на режимот. Вчера беше објавен разговор со кој ВМРО-ДПМНЕ и медиумите под нивна контрола сакаа да креираат непосточки случај, класична лажна вест ставија во функција на одбрана на криминал. И не успеаја. Се покажа дека станува збор за разговор кој покажува законско работење нанадлежни институции, кои презеле навреме соодветни мерки за заштита на интересот на државата и граѓаните, соопшти денеска СДСМ.

„Од страна на советникот на министерот Димковски, Томе Мојсовски му се укажува на лице вработено во Државниот инспекторат за земјоделство од Охрид, да го почитува законот и да презема мерки за почитување на договорот од страна на концесионерот на Охридското езеро.

Три месеци инспекторот од Охрид не презел никакви дејствија, не ја вршел својата работа и не соработувал со Езерската полиција, по што дошло до низа сериозни прекршувања на законите. Се што Мојсовски барал од инспекторот да ја работи својата работа и да не штити прекршувања на законите.

СДСМ работи законски а ВМРО-ДПМНЕ и медиуите под нивна контрола го бранат криминалот.

За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога се толерираше и поттикнуваше незаконско работење токму од оние кои треба да ги спроведуваат законите, денес институциите постапуваат согласно законите и надлежностите и не дозволуваат некој да штити или поттикнува криминал.

Денес, институциите се во сигурни раце, а иднината на државата и граѓаните е обезбедена во големите светски сојузи НАТО и ЕУ.

Денес во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена. Тие јасно покажуваат дека се носители на криминалот и беззаконието, узурпатори на институциите во обид и партија која е радикална и која е закана за мирниот живот на граѓаните.

Груевистичкото ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски е изолирано и спречено да прави криминал од страна на професионалните институции. Во нашата разумна и нормална земја, членка на НАТО, груевстичкото ВМРО-ДПМНЕ нема да има никакви шанси на изборите во април.

СДСМ и граѓаните нема да дозволат враќање на режимот, режим никогаш повеќе.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Депониите трујат, ВМРО ДПМНЕ е елементарна непогода за Скопје

C +

Петровска побара декласификација од АНБ: Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ?

C +

Шукова: Вардариште и Дрисла – симболи на распадот во системот за отпад, а ВМРО-ДПМНЕ без решение

C +