Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

42-годишник загина во пожар во Штип – трета жртва на пожар за 24 часа

Во пожар изгоре 42-годишен штипјанец. Густиот чад од стан на петтиот кат утринава околу 10.30 часот ги вознемирил соседите на улицата „Булевар ЈНА“. Веднаш ги повикале пожарникарите кои за неколку минути почнале да го гасат огнот. Пламенот ја изгорел само собата во која спиел сопственикот.

Останатите станови ги спасиле пожарникарите кои спречиле огнот да се прошири преку кровот на зградата.

Според полицијата починатиот штипјанец во станот живеел сам, а причините за пожарот ќе се утврдуваат дополнително.

По вчерашната трагедија во која загинаа две дечиња во Шуто Оризари, ова е третата жртва за само 24 часа од пожар.

Можеби ќе ве интересира

Страотно убиство во Чашка: Го намамил во автомобил и го однел на друго место, потоа друго лице му пукало во глава

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Метеоролозите излегоа со прогноза – Какво ќе биде времето?

ДЕСК