24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Јадењето брза храна го зголемува ризикот од дијабетес

Луѓето кои јадат брза храна два или повеќе пати неделно имаат поголем ризик од развивање на дијабетес, открива едно истражување. Жените се изложени на поголем ризик од мажите.

  Ако го поминувате поголемиот дел од своето време на работа и немате можност да подготвите оброк, најверојатно ќе се одлучите за брза храна. Експертите предупредуваат дека брзата храна не е добар избор, бидејќи таа го зголемува ризикот од дијабетес и срцеви заболувања.

  Околу десет проценти од заболените од дијабетес во Велика Британија страдаат од болеста од типот еден, која е поврзана со имуниот систем. Останатите 90 отсто имаат дијабетес тип два, која може да биде предизвикана од лошата исхрана и начин на живот.