24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

12 недели пиеле по половина литар вода пред секој оброк – ЕВЕ што им се случило!

Заборавете на салатите и личните тренери – водата може да биде клуч за успехот во слабеењето. Според истражувањето спроведено во Обединетото Кралство, ако пиете по 500 мл вода пред јадење, ќе ослабете.

Истражувањето опфаќало 84 возрасни дебели лица кои биле следени 12 недели. Секое лице добило совети како да држи диета, како да се храни и да како да ја зголеми телесната активност.

Потоа биле поделени во две групи – на 41 лице им било наредено пред главните оброци да пијат по половина литар вода, а 43 лица морале пред оброкот да се однесуваат како да се сити.

Оние кои пиеле вода пред оброкот изгубиле по околу 1,3 килограми повеќе од оние кои замислувале дека се сити. Исто така, сите кои пиеле вода вкупно изгубиле повеќе тежина од оние кои не го правеле тоа.

– Ако пиете само половина литар вода пред главните оброци, три пати дневно, можете да ослабнете. Кога во предвид ќе се земе да тоа го правите цела година, ќе изгубите доста килограми, вели др. Хелен Парети која учествувала во истражувањето.