Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

За црниот четврток пред парламент донеле “голф” на УБК полн со автомати, пиштоли и панцирни елеци кои требало да ги поделат на насобраната маса народ

Атанасовски им дал наредба на веќе обвинетите В.А. и О.Р. да ги извадат хард дисковите од собраниските камери со цел да се прикријат трагите од извршеното кривично дело, Чавков давал наредби да се делува пасивно, а Бошковски со возило марка „Голф“ во сопственост на УБК, во непосредна близина на Градската болница, спроти паркот „Жена Борец“ донел оружје и тоа автоматско оружје, пиштоли и панцирни елеци кое требало да се подели на лицата кои протестирале и кои имале искуство со ракување со оружје, меѓудругото се вели во образложението за прифатеното обвинение од страна на судот за аттакот врз парламентот на 27-ми април.

Никола Груевски, Трајко Вељановски, Миле Јанакиевски, Спиро Ристовски, Владимир Атанасовски и Никола Бошковски, во 2017 година по неуспешните преговори за формирање Влада изготвиле план со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста на земјата, стои во обвинието на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Можеби ќе ве интересира

НОВ ХОРОР ВО МАКЕДОНИЈА: Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче

ДЕСК

МАКЕДОНИЈА ВЕЧЕРВА ВО СОЛЗИ: Во страотна сообраќајка на патот Прилеп – Росоман загинаа 2 лица, повеќе се повредени

ДЕСК

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ДЕСК