24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Шкријељ: Мизрахи не го прочитала Законот за социјална заштита

Фејсбук статус на заменик министерката за труд и социјална политика Санела Шкријељ:

За жал техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, наместо соработка и конструктивност во интерес на решавање на проблемите на граѓаните, избра да подлегнува на невистините информации и паушалност сервирана од нејзиниот партиски штаб. Со денешната прес-конференција таа уште еднаш потврди дека воопшто не го прочитала новиот Закон за социјална заштита и начинот на којшто функционираат 15 комисии. Ако Мизрахи го прочита новиот Закон за социјална заштита, ќе дознае дека рокот за постапување за предметите за помош и нега од друго лице е 60 дена, а не еден месец како што тврди. За потсетување оваа Влада формираше децентарлизирани Комисии за помош и нега од друго лице за разлика од едната централизирана Комисија којашто беше воспоставена во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и наплаќаше 2.000 денари за поднесено барање. Во интерес на граѓаните и спречување на злоупотреби со таканаречената туѓа нега се реформираше Комисијата, а поднесувањето на барања за помош и нега од трето лице е бесплатно. Сега со формирањето на 15 комисии низ цела држава услугата е доближена до граѓаните.

https://www.facebook.com/110684500453416/posts/116771823178017/?d=n