Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Апсење на граничниот премин „Богородица“- доставиле туѓи патни исправи

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднела кривични пријави против германски и против италијански државјанин за криумчарење мигранти.

МВР соопштува дека во неделата, на граничниот премин „Богородица“ уапсен бил К.E., поради тоа што во патничко возило „фолксваген“, со германска национални ознаки, превезувал три лица од Гана, кои при пасошка контрола приложиле туѓи патни исправи, односно патни исправи сопственост на лица од Шведска, Германија и Холандија.

Подоцна, било утврдено дека патните исправи биле украдени во текот на 2019 година. Во врска со настанот, подоцна била приведена и Р.А..

Судија на претходна постапка од Основен суд Скопје 1 на пријавените им одредил мерка притвор од 30 дена.

Можеби ќе ве интересира

Паркинг конфликт излезе од контрола: Избоден скопјанец

ДЕСК

Исчезна 57 годишен охриѓанец

ДЕСК

Мојсоска: Власта место да смислува изговори да се појави во Собрание пред родителите од Кочани

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.