За огромна пофалба е одличната реализација на капиталните инвестиции преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. Реализирани се 99,7% од капиталните мерки со што инвестициите во земјоделството и руралниот развој се на неприкосновеното прво место, објави на Фејсбук, генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.
„718 милиони денари завршија во:
-Поддршка на младите земјоделци;
-Набавка на добиток со високогенетски карактеристики;
-Нови системи за наводнување;
-Подигање на нови овошни насади;
-Поддршка за модернизација на механизацијата во задругите;
-Финансиска поддршка за Локалните акциони групи;
-Изградба и реконструкција на брани и акумулации;
-Нова модерна рурална инфраструктура;
-Водоводни и канализациони мрежи во руралните средини;
-Уредување на зелени пазари;
Ваквата реализација на капитални мерки и проекти е најсилен доказ дека Владата, #МЗШВ И #АФПЗРР во изминатата 2019-та година посветено работеа на модернизирање на македонскиот аграр преку обезбедување на финансиска поддршка за секој земјоделец и забрзан развој на водостопанската и руралната инфраструктура“, објави Николовски.