25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЉУБОВ И СЕКС

Добриот сон носи уште подобар секс

Недостатокот од добар сон негативно влијае врз желбата за секс.

Доколку немате добар сон телото ќе биде изморено, а со тоа имате и вишок на негативна енергија. Причината за ова е повеќе од јасна, и лежи во брзиот и динамичен начин на живот кој пак ви задава се повеќе обврски и се помалку време за одмор.

Како еден од главните виновници кој влијае индиректно на сексот е и стресот. Самата негова појава предизвикува несоница и проблеми со спиењето.

Како алтернатива се препорачува колку многу и да имате обврски да најде малку време за одмор, бидејќи тој е најнеопходен за нормално функционирање.

Трудете се да спиете до осум часа, а после тоа ќе ги почуствувате промените. Добриот сон ќе ви донесе повеќе енергија која потоа можете да ја искористите заедно со вашиот партнер во заедничко уживање.