Ништо не ја убива врската како причините кои ќе ви ги наведеме сега.
1. Немојте да брзате со сексот
Не постои точно време кога треба да почнете со сексуалните активности во една врска. Но доколку дозволите тоа да се случи пред вашиот партнер вистински да ве запознае, постои ризик тој да ве стави во групата на жени со кои само флертува и да го изгуби интересот за вас
2. Не се отварајте пребрзо
Не е паметно веднаш да ми ги раскажете сите ваши животни случувања. Иако природно е да сакате што повеќе време да поминете со него и на тој начин да го запознаете и да го зајакнете вашиот однос некои информации за себе оставете ги за подоцна.
3.Не му се јавувајте често и не претерувајте со пораките.
Машките уживаат во улогата на ловци па затоа немојте да бидете таа што ќе лови. Ако пречесто му се јавувате тој може со тек на време да го изгуби интересот за вас. Оставете го телефонот и одете пополека пуштете го него да се препотува.
4.Не шпиунирајте го!
Можеби ве привлекува неговиот мобилен да го земете во рака но ако тој ве фати како го шпиунирате и му ги проверувате повиците и пораките уште во стартот довербата ќе биде на многу ниско ниво.
5. Не глумејте оргазам
Лажирањето на оргазмот делува многу евтино. Од друга страна таквото однесување повеќе ви носи вас штета отколку корист и тој ќе мисли дека уживате во сексот.
6.Не очекувајте дека ќе се промени
Луѓето не се менуваат посебно не машките. Затоа ако кај него ви сметаат многу работи сменете го партнерот.
7. Не се запоставувајте самата
Иако е важно да ја негувате врската, да се жртвувате, да трошите премногу енергија и време на неа и игнорирањето на сопствените потреби е голема грешка. Било да сте во врска или не секогаш ставете се себе на прво место.