24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ацо Кабранов: Геровски, многу многу ниско и неколегијално

Фејсбук статус на познатиот македонски новинар и уредник, Ацо Кабранов, упатен до Бранко Геровски, раководител на интернет портал.

Геровски, многу многу ниско и неколегијално:

Инаку, да знаете една работа што можеби не сте ја знаеле. Со должна почит кон „медиумскиот гениј“ Бојан Јовановски, главната конфигурација на 1ТВ ја состави и јадрото на „ѕвездениот тим“ го избра токму тој советник на Заев, веројатно во консултација со луѓе од опкружувањето на премиерот. Истиот човек ја подготви и „евакуацијата“ на истиот тим по пропаста на 1ТВ и го дизајнираше и новиот телевизиски проект, во медиум во кој советникот на Заев има и сериозно влијание, но и многу близок пријател во сопственичката структура. (текст објавен на интернет порталот Плус инфо, на Бранко Героски)

Во вечерашнава колумна на почитуваниот колега Героски околу негови како што напишал најнови сознанија за аферата Рекет која за волја на вистианта иако не сум правник јас ја викам “Поткуп” ме испровоцираа пишувањата дека Ѕвездениот тим во кој бев и јас и уште неколкумина мои искусни колеги, го избрал односно не’ избрал де некој совеник на Заев чинам, пишува странец бил.

Епа колега Геровски, ова нема ама баш никаква врска со вистината.

Создавањето на тимот одеше вака – меѓу првите бев поканет јас на предлог на еден колега за да бидам дел од интернет телевизија. Отидов на разговор, таму беше еден друг колега познат и одличен новинар и колумнист кој се заблагодари бидејќи е од пишан медиум и не според него за тв. Јас прифатив и ги предложив и Гордана Дувњак и колегата Кристијан Стојчевски.

Се преселивме во просториите на Томато, идејата за интернет  тв беше се уште актуелна се додека подготвувајќи ги докуменитите не дојдовме на идеја да пробаме од АВМУ да побараме сателитска концесија. Така и беше, во меѓувреме ние предлагавме по некој од колегите да им понудиме да дојдат, некој прифатија некој не се пронајдоа во проектот. Борјан го предложив јас, некој од колегите го предложи Ордановски, дојде и Чомовски и така се создаваше тимот. Напишан на долго и шроко оти ме испровоцира тезата на геро дека не’ бирал некој советник странец демек како крушки за да веројатно според Геро или неговите доушници вршиме работа на власта. Затоа друже Геро не завлегувајќи во се друго што пишуваш и истражуваш за овој случај, ова како што не’ нарекуваш ѕвездениот тим искрено е многу ниско и неколигајлно од тебе.