27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Шкријељ на ФБ: Нашите заложби против родово базираното насилство преточени во закон станаа реалност

-Борбата што ја водевме долги години како активистки и нашите заложби против сите видови и форми на родово базирано насилство преточени во закон станаа реалност, напиша на Фејсбук Санела Шкријељ, заменик-министер во Министерството за труд и социјална политика.

-Владата на последната седница го усвои законот за спречување и заштита на насилство врз жените и семејното насилство.
Во 2019 година воспоставивме 12 специјализирани сервиси за жени жртви на насилство, а во буџетот за 2020 обезбедивме средства за 10 нови сервиси.

На следниот ЛИНК се контактите од воспоставените сервиси, напиша Шкријељ.