25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Локвенец: Со заминувањето на ВМРО ДПМНЕ во опозиција, заврши времето на мешање на извршната во судската власт

На новинарско прашање околу кривичната пријава за дополнителниот заменик министер за земјоделство, пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец, денеска изјави дека мешањето на третата власт е нешто кое не е карактеристика на ова парламентарно мнозинство и на оваа извршна власт.

– Мешањето во третата власт е нешто кое не е карактеристика на ова парламентарно мнозинство и на оваа извршна власт. Да ги оставиме правосудните органи да ја извршуваат својата работа а за опозицијата мислам дека нема потреба да зборуваме. Тие, таа нереформирана опозиција покажува дека останува да функционира како во изминатиот период додека беа мнозинство и на власт, ги покажуваат нивните ставови дека извршната власт треба да се меша во правосудната, што е минато во оваа држава. Македонија никогаш повеќе нема да се врати во форматот на заробена држава, никогаш повеќе извршната власт нема да се меша во третата, во правосудната власт и сигурно, сите ние заедно одиме напред кон евроатлатнските вредности, рече Локвенец.