8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Нова микробиолошка лабораторија во градската болница „8 Септември“

Министерот за здравство, Венко Филипче и директорот на Градската општа болница „8 Септември“, Христиан Костов, ја промовираа микробиолошката лабораторија, која од утре ќе биде пуштена во употреба и достапна за граѓаните.

„Од утре ќе биде во функција новата микробиолошка лабораторија, со што ќе може да се употребува за анализа на податоци. Дел по дел се зајакнува како инфраструктурата, така и функционалноста на институцијата. За следната година планираме уште неколку активности, кои ќе се однесуваат на инсфраструктурата на сите здравствени установи“, потенцираше Филипче.

Во септември годинава се пушти во употреба новиот Кардиоваскуларен центар во оваа болница, а во 2019 се финализираше и инсталацијата на нов линеарен акцелератор – технологија за третман на малигните заболувања.

Можеби ќе ве интересира

Не се вознемирувајте: Попладнево сите граѓани ќе добијат тест смс порака преку системот cell broadcasting

ДЕСК

Алиу: За 45 дена над 1.250 нови вработувања во здравството

ДЕСК

Македонка се удави во Грција – нова трагедија го претвори летниот одмор во пекол

ДЕСК