Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Трагедија во Македонија: 23-годишно момче почина на лице место

Во сообраќајка што се случила ноќеска на регионалниот пат Кочани – село Зрновци, починало 23 годишно момче, а неговиот врсник е повреден, откако со возилото излетале од патот.

Министерството за внатрешни работи информира дека ноќеска околу 01:30 часот на регионалниот пат Кочани – село Зрновци, на влезот во село Зрновци, кочанско, К.С. (23) од Кочани управувајќи патничко моторно возило „поло“ со кочански регистарски ознаки излетал од патот. На местото на настанот починал совозачот Б.М. (23) од Кочани, а К.С е пренесен во Медицински центар Кочани за укажување на лекарска помош .

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Кочани, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Предавникот Мицкоски ја претвора Македонија во мигрантски камп, за пари!

ДЕСК

Голема промена на времето! Од утре дожд, па сонце и високи температури!

ДЕСК

СДСМ вечерва се огласи на фејсбук: Утре следува нова бомба за корупциска шема на власта, работата не е завршена

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.