24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев по седница на ЦО: Ги донесовме одлуките за преодната Влада, СДСМ е фаворит на изборите

Изјава за медиуми, Зоран Заев, претседател на СДСМ -интегрален текст

Дозволете да ги соопштам одлуките што денеска ги донесе Централниот одбор на СДСМ. Претходно, одржавме координација на највисокото политичко раководство, по што следуваше седница на извршниот одбор, на крајот одлуките финишираа со одлука на ЦО. Одлуките што денеска ги донесовме беа неколкукратни, дискутиравме за многу прашања од актуелните политички случувања, но веројатно фокусот на вниманието на јавноста е кон преодната влада која согласно законот треба да се формира на 3 јануари 2020 година.

СДСМ, преку своите органи, едногласно на политичка координација, едногласно на ИО и едногласно на ЦО, донесе одлуки за четири кадровски решенија со кои ќе партиципираме во предоната влада, која ќе трае се до формирањето на политичката влада.

Во тој дел, за претседател на преодната влада е избран Оливер Спасовски, досегашен министер за внатрешни работи, кој истовремено е и потпретседател на СДСМ. За потпретседател на владата за екконмски прашања избрана е Мила Царовска, деосгашна министерска за труд и социјална политика, исто така потпретседателка на СДСМ.

За дополнителен заменик министер во МВР избрана е Славјанка Петровска, досегашен шеф на кабинетот на министерот Спасовски, а за дополнителен заменик министер во Министерството за труд и социјална политика избрана е Санел Шкријељ, досегашен шеф на кабинет на министерката Мила Царовска.

Овие 4 кадровски решенија испраќаат неколку сериозни пораки. Испраќаат пораки дека сериозни човечки капацитети кои досега се докажале работејќи за својата земја, за својата држава, вградувајќи политики што живот значат за граѓаните и во делот на безбдонста и во делот на социјалната сфера, испраќаат сериозни решенија за нивната стручност за вршење на овие функции. Секако шефовите на двајвцата министри кои ги делегираме и предлагаме до Собранието да бидат дополнителни заменици министри во преодната влада се сериозни професионалци преку кои имаме намера да продолжи континуитетот на политиките кои оваа влада на чело со СДСМ има намера да ги имплементира и во овој преоден период.

За нас овие 100 дена се исклучително значајни, не само затоа што треба да дат придонес овие личности за она што е најсвето а тоа е слободата на правото на избор, кој во секоја демократија е врвно право и ние сме посветени, така што гаранцијата за фер, слободни, демократски, регуларни изброи навистина е обврска на сите граѓани, а власта сака најсериозно да партиципира во обезбедување на чесни, фер и демократски избори. Тоа е затоа што имаме намера да одиме напред, кон демократскиот свет и тоа е многу важно, но исто е важно во овие 100 дена да не застанат работите. Да течат економските политики, да течат реформите, да продолжи да се трансформира нашето општество, кое е многу значајно, за да не ни се нанесат штети како во минатото за време на избори одредени економски активности знаеле да се намалат или да затајат.

Верувам дека преку сериозноста на ваквите кадровски решенија испраќаме дополнителна порака дека сме сериозна политичка партија која сака сериозно да се посвети на периодот што претстои. Ние на овие избори влегуваме како фаворити и за нас многу се важн и вредностите. Како што гледате, од 4 кандидати, 3 се жени а еден е маж и тоа многу значајно. Веројатно се поклопија самите принципи врз кои ги носевме одлуките, но за нас секоја проака е важна, затоа што се повеќе и повеќе го охрабруваме да се вклучи во севкупниот општествен живот со што даваме шанса навистина на одговорни позиции преку добивање на чест и одговорност да извршуваат сериозни улоги. И за Оливер Спасовски и Мила Царовска, Санела и Славјанка ова претставува посебна чест и посебна одговорност, поради тоа што треба да се организираат фер и демократски избори, но истовремено да се држат и политиките на правиот пат, единствениот пат по којшто мора да продолжиме се нашите интеграции и вистинското интегрирање на нашето општество, како и сите овие економски параметри што треба да продолжат да растат во периодот којшто е пред нас треба да се посветиме да бидеме професионални и државотворни како што претставува чувството на обврска којшто сите овие 4 кандидати го носат.

Денеска избравме и нов секретар на партијата за меѓународна соработка, кој согласно закон одобрено е од претседателот на државата, делот на кандидатурите за нови амбасадори, еден од кандидатите за амбасадор којшто треба да оди веќе во понатамошните постапки, е Дане Талески мојот досегашен советник за надворешна политика, којшто беше секретар за меѓународна соработка на СДСМ, согласно законите во државата, кога ги помина овие фази, мора да избере кои од функциите ќе ги извршува и тој достави неотповиклива оставка на функцијата секретар за меѓународна соработка на СДСМ, и му се заблагодаривме на неговиот ангажман и даваме шанса секој кадар во државата да напредува пред се е неговата кариера и уште еднаш потврдуваме дека државата е пред партијата и затоа посветени сме на тоа сите капацитети и кадри знаеме да ги ослободиме од партиските ангажмани за да можат да продолжат во своите државни посветености, за добробит на народот и земјата. Поради тоа започна постапка која трае низ политичкото раководство и од страна на ИО и ЦО на СДСМ за нов секретар за меѓународна соработка на СДСМ е избран Бојан Маричиќ, кој е досегашен советник за европски прашања во мојот кабинет и сега е координатор за европски прашања во Владата, кој истовремено е и технички преговарач со ЕУ за одлуката која ја очекуваме за почеток на преговорите со ЕУ.

Разговаравме секако и за актуелната политичка состојба, согласно тие разговори дополнително потпретседателите на СДСМ во координација со сите коалициски партнери, вклучително и она што беше важно на прес конференциите на коалициониот партнер со најголем број мандати после СДСМ, а тоа е ДУИ, разговаравме за сите елементи, како дошло до амандманите, што се случило, и веројатно заклучивме дека секогаш кога се носат одлуките треба да ги координираме нашите ангажмани за во иднина и секако разговаравме за математиките кој што добива, а пред се државата, а секако тоа значи дека никој не губи, сепак беа поднесени тие илјадници амандмани од ДУИ, но во делот на образложението кои ги добиле потпретседателите од раководството на ДУИ, јасно е како се случило во делот на амандманите и зошто се случил тој порив, поради одредени стравови на пратениците за којшто секако биле поднесени амандманите.

Јас верувам дека ќе продолжиме заедно да го завршиме овој мандат, бидејќи е значајно успешно да го завршиме мандатот, важно е да довербата секој пат ја крепиме, понекогаш има и несогласувања, некогаш здраво но и штетно по коалицијата, во периодот пред нас останува да имаме поголема комуникација, градење на доверба бидејќи сме прифатиле одговорност заедно да и служиме на нашата земја и нашиот народ, и јас верувам дека во иднина ќе имаме не такви примери којшто се јавуваа како онаа разочараност којашто беше и се јави кај сите нас од поднесувањето на илјадници амандмани за законот за една изборна единица, посебно имајќи предвид и ВМРО-ДПМНЕ дека веќе поднесе илјадници амандмани за истиот предлог.

Благодарам за другите прашања и точки ќе имаме и соопштение, другите беа за оперативно –техничкото функционирање на СДСМ, штабското работење, деловите на празниците што доаѓаат и активностите којшто ќе се случуваат за тој период на новогодишни и божиќни празници. Јас верувам дека нашата политичка партија дефинитивно со своите одлуки уште еднаш потврдува увереност кај огромно мнозинство граѓани дека опцијата да се избере прогрес, просперитет, интеграција, пријателство, солидарност, градење на мултиетничност сепак останува главниот фактор за ваква определба на сите наши граѓани, дополнително на економски план, сите економски успеси коишто сме ги постигнале верувам дека остануваме дефинитивна опција, и за да можеме да сметаме дека сме апсолутни фаворити во периодот кој е пред нас, секако барајќи ја уште еднаш довербата од нашите граѓани за добивање на чист мандат, и тоа ќе значи дополнителна чест и одговорност да продолжиме со унапредување на квалитетот на животот за сите граѓани на нашата земја.