24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Премиерот Зоран Заев со добра вест до нацијата: Се исправа големата режимска неправда – се отпишуваат каматите и репрограмираат долговите на граѓаните

Владата до Собранието ќе испрати два закони за помош на граѓаните кои не можат да ги платат своите сметки.

Предлог закон за отпис на камати и предлог за репрограмирање на долгови и измени на законот за извршување.

Граѓаните се соочија со камати кои повеќекратно го надминуваат основниот долг за кој ионака имаат потешкотии да го исплатат, ова го направи наплатата на долгот уште потешко и го загрози достоинството на граѓаните во многу случаи, рече Заев.

За сите предмети дадени на извршување до крајот на 2017-та година, предлагаме да се отпишат сите камати на грѓааните кон јавните и државните претпријатија и органи или установи. Во насока на праведно опфаќање на сите граѓани, ќе им предложиме оваа постапка да ја следат и приватните доверители со доброволно бришење на долговите.

Плаќањето на главниот долг ќе биде на рати. Колку поголем долг, толку повеќе рати.

Со ова исправаме една голема неправда од 2011 кога старите судски извршни предмети беа префрлени од судовите на извршителите и нотарите, рече Заев.