Градоначалникот Шилегов денеска ги додели наградите на најдобриот пожарникар, полициски службеник и крводарител во Скопје за 2019 година.
– Како град на солидарноста ги негуваме традициите на хуманост и солидарност кон сите оние на кои им е потребна помош. Затоа, Град Скопје секоја година дополнително ги мотивира оние што најмногу придонеле за промоција на хуманоста со своите дела. Убеден сум дека оваа награда поттикнува лична мотивација кај секој од нас да не ја штедиме нашата хуманост и да го користиме секој момент да ја покажеме на дело во средината во која живееме и работиме – рече Шилегов.
За своите заслуги во работењето и за својата пожртвуваност награди денеска добија:
- Зоран Рајчин, Пожарникар спасител во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, најдобар пожарникар за 2019 година.
- Душко Кикеновски, вработен во Полициска станица од општа надлежност Центар, кој ја добива наградата за најдобар полициски службеник.
- Ајрис Асани е истакнат крводарител кој ја потврдил својата хуманост со 218 дарувања крв и ја добива наградата за крводарител на годината.