Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Српски државјанин осомничен за криумчарење цигари на ГП Богородица

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против српски државјанин, осомничен дека сторил кривично дело – Криумчарење, предвидено во член 278 став 2 од Кривичниот законик.

Осомничениот, преку царинската линија на  граничниот премин „Богородица“ на влез земјава, во камион на српска фирма на која бил сопственик, пренел непријавена стока 5000 штеки цигари од  трговските марки “Marlboro”, „Davidoff“ и „Winston“ кои биле ставени  во 100 картонски кутии без ознаки.

Вкупната вредност на цигарите е значителна и изнесува околу од 9.000.000 денари. Цигарите се обидел да ги пренесе во камионот, декларирајќи дека пренесува пропиленски гранулати, но помеѓу пријавената стока во приколката царинските службеници во предниот дел и во средината на приколката ја пронашле и непријавената стока која веднаш била одземена.

Јавниот обвинител дo судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои очигледно укажуваат на опасност од бегство.

Можеби ќе ве интересира

Панова: Буџетот за 2027 година насочен кон граѓаните со рекордни 123,8 милијарди денари за повисоки пензии, подобро здравство со 58,7 милијарди денари, поквалитетно образование и подобар стандард

ДЕСК

Радеска: Повторно нема лекови на Онкологија – СДСМ бара оставка од Клековски

ДЕСК

Ставањето крај на насилството врз жените и девојчињата е заедничка одговорност што бара итна акција

ДЕСК