Centar.mk
СВЕТ

Откриени трансакции: Трамп купувал и продавал акции на Nvidia

Американскиот претседател Доналд Трамп тргувал со акции на компанијата „Nvidia“, според официјалните документи што пред неколку дена ги објави Канцеларијата за владина етика (OGE). Обелоденувањето на оваа информација доаѓа по обвинувањата од високи претставници на Демократската партија дека Трамп им дал предност на сопствените финансиски интереси пред националната безбедност на САД.

Трансакции во септември

Според најновиот извештај, во текот на септември преку брокерските сметки на Трамп биле извршени неколку трансакции. На 2 септември биле купени акции во вредност меѓу 100.001 и 250.000 долари, а една недела подоцна следела уште една набавка во вредност меѓу 1.001 и 15.000 долари. Подоцна истиот месец, на 24 септември, била евидентирана и продажба на акции во вредност од 1.001 до 15.000 долари.

Активности во август

Извештајот за август, објавен минатиот месец, откри трансакции од поголем обем. Во тој период, на сметките на Трамп била забележана набавка на акции на „Nvidia“ во вредност до 1,56 милиони долари. Во истиот документ е наведена и продажба на акции во вредност до 1 милион долари./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Според извештаите, Русија се подготвува да лансира нуклеарно оружје во вселената; НАТО: Имаме опции

ДЕСК

Маск за Хуанг: Вистинските пријатели се оние што те поддржуваат кога работите тргнуваат на лошо

ДЕСК

Шефот на АФД најави депортација на 2,6 милиони луѓе од Германија

ДЕСК