Centar.mk
СВЕТ

Иран тврди дека никогаш не произведувал или користел хемиско оружје

Заменик-министерот за надворешни работи на Иран за правни и меѓународни работи, Казем Гарибабади, денес изјави дека неговата земја цврсто се придржува до хуманитарните принципи и никогаш не произведувала или користела хемиско оружје, и покрај тоа што имала можност за тоа.

Зборувајќи на 31-та конференција на земјите-членки на Конвенцијата за хемиско оружје, Гарибабади потсети на злосторствата извршени од режимот на поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин против иранскиот народ, јавува иранската агенција „Мехр“.

Тој нагласи дека Иран, како една од најголемите жртви на употребата на хемиско оружје во модерната историја, продолжува да се соочува со тешките последици од тие напади. Тој истакна дека илјадници ирански граѓани сè уште страдаат од физички и психолошки последици по многу децении и бараат континуиран третман.

„Никогаш не избравме да го произведуваме и користиме ова нехумано оружје, бидејќи веруваме дека одговорот на злосторството не смее да доведе до повторување на тоа злосторство“, заклучи Гарибабади, пренесува Танјуг./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Мерц: Грешка беше што Украина не беше примена во НАТО во 2008 година

ДЕСК

Германија ги заострува условите за државјанство? Покрената нова иницијатива

ДЕСК

МОСКВА СО ОСТРО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ЕСТОНИЈА – Растат тензиите околу граничните мерки

ДЕСК