Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ЗАТВОРЕН ПАТОТ ПРЕКУ ГАЛИЧИЦА – Важни ограничувања за возачите што патуваат на 20 ноември

Возачите што планираат патување меѓу Охрид и Ресен треба да имаат предвид дека патниот правец преку Националниот парк Галичица е затворен за сите видови возила. Според Автомото сојузот на Македонија, сезонското затворање важи од 17 ноември.

На повеќе други патни правци низ земјата се применува изменет режим на сообраќај поради градежни активности. На делницата Кичево – Охрид сообраќајот се одвива со девијации, а на патот Калишта – Радожда, кај Елен Камен, возилата се пропуштаат наизменично по една сообраќајна лента.

Дополнителни ограничувања има и на други делници, меѓу кои Гостивар – Кичево и Гевгелија – граничен премин Богородица. Со оглед на најавениот силен ветер во западна Македонија, возачите треба да ја приспособат брзината и да ја проверат актуелната состојба пред тргнување.

Можеби ќе ве интересира

СИЛНИОТ ВЕТЕР СОЗДАЛ ПРОБЛЕМИ НА ПАТИШТАТА – Паднати дрвја и оштетена инфраструктура на важни правци

ДЕСК

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од новоименуваната амбасадорка на Република Естонија, Јана Ванамолдер

ДЕСК

„ОВА ЌЕ БИДЕ ТЕШКА ЗИМА И ЗА МАКЕДОНИЈА“ – Мицкоски со предупредување од Берлин по средбата со европските лидери

ДЕСК