Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Тренчевска: 51 милион евра не се префрлени во вториот пензиски столб – СДСМ бара кривична одговорност

Прес – конференција на Јована Тренчевска, потпретседателка на СДСМ:

51 милион евра, пари на граѓаните, не се префрлени во вториот пензиски столб заклучно со 31 октовмри!

Криминалната власт на Мицкоски и неговата ВМРО-ОКГ ги доведе во ризик пензиските заштеди на повеќе од 650.000 граѓани, на сите родени после 1 јануари 1967 година кои се во вториот пензиски столб.

Пари што им припаѓаат на граѓаните, на работниците, заработени со нивниот труд, издвојувани секој месец од нивните плати, со една единствена цел – да имаат сигурна и достоинствена пензија кога ќе го завршат работниот век.

Арамијата Мицкоски и неговата банда го доведоа Фондот за ПИОМ до сериозна финансиска неодржливост.

Дупката во ПИОМ ја зголемија на една милијарда евра.

Сега го загрозија и вториот пензиски столб.

Ја искрадоа државната каса за криминални тендери, ја задолжија државата со милијарди евра нови долгови, сега посегнуваат и по личните пари на граѓаните.

Нема пари за работниците, нема пари за пензионерите, нема при за повисока минимална плата. Нема пари земјоделците. Нема пари за повисок студентски оброк.

Пари има само за криминалните тендери на власта.

Префрлањето пари во вториот пензиски столб не е волја на Мицкоски, туку законска обврска на директорот на Фондот за пензиско осигурување.

Има законски рок од 5 дена во кој мора ги префрли парите во вториот пензиски столб.

Затоа, бараме реакција од Јавното обвинителство и кривична одговорност.

Бараме парите веднаш да бидат префрлени.

Пензиите не се милост на Мицкоски и за ова мора да има одговорност!

Линк до видео : https://www.youtube.com/watch?v=bxRE0KaXBGY

Можеби ќе ве интересира

Македонските реформи препознаени на регионално ниво: Министерството за јавна администрација меѓу наградените на ОЕЦД-СИГМА и РеСПА за 2026 година

ДЕСК

„ОХРИД НЕ МОЛЧИ! ДОСТА Е!“ – За сабота најавен протест против фемицидот и насилството врз жените

ДЕСК

Фрчкоски: Мицкоски и Славески брзаат да ја продадат Алта банка за џабе – кој ќе ја плати цената?

ДЕСК