На 18.11.2026 во Полициското одделение Теарце, од слобода бил лишен 40-годишник од с. Пршовце, тетовско. Тој бил повикан во 11:45 часот во полициското одделение поради претходно сторен прекршок, односно затоа што не застанал со патничко возило на даден знак за запирање од полициски службеници. При службениот разговор било констатирано дека патничкото возило „фолксваген бора“ со тетовски регистарски ознаки го управувал без положен возачки испит. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.


