ОВР Крушево поднесе кривична пријава против 69-годишник од с. Белушино, општина Крушево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.
На 29.10.2026 во с. Белушино, при извршување службени дејствија, полициски службеници сопреле трактор натоварен со бесправно исечени дрва, кој го управувал пријавениот.


