Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 39-годишник од с. Долна Бањица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Во периодот од 01.08.2026 до 13.11.2026, пријавениот во четири наврати преку апликација на социјална мрежа упатувал закани на едно лице.


