Centar.mk
фотографијата е нереална и генерирана со вештачка интелегенција
-МАКЕДОНИЈА

„ОХРИД НЕ МОЛЧИ! ДОСТА Е!“ – За сабота најавен протест против фемицидот и насилството врз жените

Граѓанска иницијатива во Охрид најави мирен протест против фемицидот, семејното и родово базираното насилство. Собирот е закажан за сабота, 21 ноември, од 12 до 14 часот, под мотото „Охрид не молчи! Доста е!“.

Организаторите го поврзуваат протестот со загриженоста поради насилството врз жените и со барањата за поефикасна институционална заштита. Повод за дополнителниот јавен револт е и неодамнешниот случај на насилство што предизвика силни реакции во Охрид.

Со протестот се упатува повик надлежните институции навремено да ги препознаваат пријавите и ризиците, а заштитата на жртвите да не зависи од реакцијата на јавноста по веќе случен инцидент. Настанот е најавен како мирен граѓански собир.

Можеби ќе ве интересира

Фрчкоски: Мицкоски и Славески брзаат да ја продадат Алта банка за џабе – кој ќе ја плати цената?

ДЕСК

Манасиевски: Филипче и СДС со двојни аршини за Алта банка, гласни денес, а молчеа во 2023 година

ДЕСК

Герасимовски: Социјални пакети за 50 пензионери во социјален ризик, Центар продолжува грижата за повозрасните граѓани

ДЕСК