Centar.mk
фото ВМРО ДПМНЕ
-МАКЕДОНИЈА

Лефков: Обвинувањата на Филипче за криминал и сомнителни трансфери не се потврдија, депозитите на штедачите се заштитени

На телевизија 24 во емисијата „24 Анализа“ гостуваше Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој дискутираше за заштитата на банкарскиот сектор и депозитите на штедачите, како и за обвинувањата поврзани со влезот и работењето на Алта банка во Македонија и посочи дека обидот за ширење банкарска паника е предвиден како кривично дело во новиот Кривичен законик.

„Во новиот Кривичен законик поради усогласување со европската регулатива постои едно кривично дело коешто оваа материја којашто на нас ни се случи во пракса, ја опфаќа и го криминализира самото дејство со обид за ширење на банкарска паника и Народната банка има за цел како регулатор да го штити банкарскиот сектор и ако имаме несериозни изјави коишто се однесуваат како што беа пласирани во јавноста, тоа се нарекува обид за ширење на банкарска паника“, рече Лефков и додаде:

„Народната банка постапи во насока на заштита на депозитите на штедачите. Ако постојат индикации нека се постапи, нека се истражи зошто не била проверена. Меѓутоа од она што го видовме на надзорната расправа нема трансфери кон Србија, кон Русија, депозитите се заштитени, меѓутоа на оние обвинувања од страна на опозицијата дека бил дозволен влез, ние видовме дека практично во Македонија влегува банка којашто била лиценцирана во Србија и настапувала и на останатите пазари“.

На крај Лефков истакна дека обвинувањата на Венко Филипче за наводен криминал и сомнителни трансфери не се потврдиле, а депозитите на штедачите се заштитени.

„Мене ми е многу интересно како започнавте од првиот прес на Венко Филипче за невиден криминал, невидени трансфери на пари, организирана криминална група, за постепено спуштање и пропаѓање на тој наратив, затоа што се виде дека се направи се да се заштитат депозитите, не како во ваше време кога пропаѓаше Еуростандард банка, а министри си ги излекуваа своите средства. Не е коректно, ви паднаа во вода сите тези, она што е добро, да бидат заштитени депозитите на нашите штедачи, да ни биде заштитен банкарскиот сектор и да биде заштитена нашата економија, а овие несериозни обиди на Венко Филипче за пласирање на некаков епски криминал му паднаа во вода“, дециден е Лефков.

Можеби ќе ве интересира

Ѓорѓиевски: Зборот е збор – започна реконструкцијата на крак 38 на улицата „Македонско-косовска бригада“ во Шуто Оризари

ДЕСК

СОСЕДСКА РАСПРАВИЈА СО НЕОБИЧЕН ЕПИЛОГ – Физички напад и оштетен излог

ДЕСК

МАРИХУАНА И НОЖ ВО ГОСТИВАР – Полицијата приведе 27-годишник на улицата „101“

ДЕСК